logo
logo
logo

Маричиќ: Имаме шанса за европска интеграција со чист македонски јазик и идентитет, без никакви условувања

Vecer | 02.07.2022

Маричиќ: Имаме шанса за европска интеграција со чист македонски јазик и идентитет, без никакви условувања

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил напиша дека со францускиот предлог имаме можност да го почнеме преговорачкиот процес на македонски јазик, признаен од цела Европска Унија. Маричиќ вели дека досегашните политики и сите чекори кои ги направила оваа Влада биле стратешки и во интерес на државата и граѓаните и дека ќе останат доследни на македонските национални интереси и цели. – Досега нашите политики и сите чекори кои сме ги направиле биле стратешки и во интерес на државата и граѓаните. Со францускиот предлог имаме можност да го почнеме преговорачкиот процес на македонски јазик, признаен од цела Европска Унија, напиша вицепремиерот. Меѓувладината конференција и скринингот се првите чекори од преговарачкиот процес и кај сите земји членки во просек траеа околу 12 месеци. После тоа, појаснува тој, следува отворање на првото поглавје, а до тогаш би било потребно внесување на трите нови етнички заедници во нашиот Устав, покрај постоечките седум. – Имаме можност за чист напредок во европските интеграции со чист македонски јазик и идентитет признаен од целата Европска Унија. Тоа го добиваме без никакви условувања или отстапки. Напредокот после скринингот ќе зависи од внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот што е само зајакнување на нашето еднакво мултикултурално општество. Нашиот европски напредок веќе нема да зависи од историските прашања кои ги покрева Бугарија и за кои треба да разговараме, но за кои никој од македонска страна нема да може да биде условуван. Остануваме доследни на нашите интереси и македонските национални цели. Од нас и само од нас зависи, пишува на фејсбук профилот вицепремиерот Маричиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk