„ГОСПОДА МАЖИ, ДРЖЕТЕ СЕ, СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ НА ДЕЛО ШТО Е ЖЕНСКА СИЛА“: Малеска вели, оти претседателката најавила дека ќе се опкружи со жени слични на неа
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024
Професорката Мирјана Малеска се огласи по победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
„СУБВЕРЗИЈА
Господа мажи, држете се, сега ќе видите на дело, што е женска сила, наречена феминизам!
Претседателката најави дека ќе се опкружи со жени слични на неа: свои, стамени, субверзивни....
А и претседателот на владата треба да припази. Субверзивен значи: систематски обид да се отфрли или поткопа владата од личности кои тајно работат од внатре“, напиша таа на фејсбук.