Левица: Уставниот суд ги врати работниците во 19 век – работниците ќе работат по 72 часа неделно

  • Соопштение на политичката партија Левица

Во текот на вчерашниот ден, Уставниот суд на Република Македонија одлучи да не поведува постапка за Иницијативата поднесена од #Левица, со која ги оспоривме законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно.Ваквата скандалозна одлука е единствено во корист на контроверзниот конзорциум ,,Бехтел и Енка”, со што Македонија дефакто станува КОЛОНИЈА на странскиот капитал!

⚠️Потсетуваме дека Левица е единствена партија која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници. Како работничка партија сметаме дека е недозволиво, нехумано и крајно експлоататорски, работната недела на работниците наместо 40 часа, да трае 72 часа и ваквата одлука на Уставниот суд е крајно регресивна, со оглед дека 8-часовното работно време е цивилизациска придобивка стекната преку макотрпната борба на работниците низ историјата!

⛔️Бруталниот капитализам, преку корумпираните функционери, задава уште еден удар на најранливите и најнезаштитените во општеството – работниците. Империјалистичките сили преку своите компании го исцедуваат од сиромашните држави и последниот денар што може да го добијат, без да се грижат за здравјето или благосостојбата на луѓето.

За ваквата скандалозна одлука гласала Претседателката Добрила КАЦАРСКА, заедно со следниве уставни судии:

1. Насер АЈДАРИ

2. Осман КАДРИУ

3. Фатмир СКЕНДЕР

4. Татјана Васиќ – БОЗАЏИЕВА

5. Елизабета ДУКОВСКА

6. Јадранка Дабовиќ – АНАСТАСОВСКА

7. Ана Павловска – ДАНЕВА

Уставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, кои што се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС.