logo
logo
logo

Салах за караницата со Клоп: Ако прозборувам ќе предизвикам пожар

Vecer | 28.04.2024

Салах за караницата со Клоп: Ако прозборувам ќе предизвикам пожар

Напаѓачот на Ливерул, Мохамед Салах одби да зборува пред новинарите за инцидентот во 79 минута од мечот со Вест Хем. Пред тројната замена во 79 минута, тренерот Јирген Клоп му кажа нешто на Египѓанецот кој реагираше бурно. Разговорот резултираше со гримаса од страна на Египќанецот и гестикулации кон тренерот.
По мечот запрашан за што се расправале со тренерот, Салах одговори:
Ве молам, не сега. Ако сега почнам да зборувам ќе предизвикам пожар“, алудирајќи на тоа дека сега е нервозен и може да каже се и сешто поради што може да се доведе себе си и клубот во проблеми.

Во исто време Клоп исто така зборуваше за инцидентот:
Не можам да откријам што си кажавме. За тоа зборувавме во соблекувалната. Тоа е веќе минато за мене“, изјави Клоп за „ТНТ спортс“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk