Регион

ЦЕФТА: Годинава ќе се овозможи побрз премин за камионите со расиплива стока

11 мар 2024

Иницијативите „ЦЕФТА СЕЕД“ и „Зелен коридор“ имаат клучна улога во унапредувањето на регионалната соработка во Западен Балкан, а големо е и нивното значење за патот на државите од регионот кон ЕУ, изјави Една Караџа, проектна менаџерка на проектот „СЕЕД +“ при „ЦЕФТА“.

Како што пренесува агенцијата „Мина“, Караџа посочува дека со поедноставувањето на царинските процедури и создавањето на услови за брз проток на роба и информации на премините, ги елиминираат бариерите во регионалната трговија, ја зголемуваат економската активност на државите и воспоставуваат силни врски меѓу страните од Централноевросиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА)

 Во текот на годинава планираме да го забрзаме преминувањето на камионите што превезуваат лесно расиплива стока, не само во ЦЕФТА, туку и со ЕУ, изјави Караџа.

 Таа оценува дека со дигитализацијата ќе се поедностават процесите, но ќе се намалат и доцнењата и трошоците.

 Според Караџа, кога се концепирал системот на „ЦЕФТА СЕЕД“, идејата била да се создаде електронска платфорка која ќе овозможи автоматка и брза размена на информации на царините, чија главна цел е да се елиминира обемната документација и губењето на време, како и обезбедување на транспарентност и точност на податоците.

 Дефинитивно заживеа идејата и денеска цариниците имаат пристап во електронската база и документи, што овозможува брза проверка, автоматско прилагодување на податоците и идентификација на потенцијалните ризици, потенцира Караџа.

 Од перспективата на возачите, тоа значи дека преностите на системот „СЕЕД“ се бројни, тоа подразбира помалку чекање на премините, брза инспекција и намалување на бирократијата, намалување на трошоците и на целокупната логистика.

 Караџа потеница дека преку овој систем развиле посебна методологија за мерење на времето за кое камионите ги преминуваат границите.

Според таа методологија, минатата година за цела „ЦЕФТА“, празните камиони на премините во просек чекале 40 минути, камионите со испратената роба со фитосанитарен сертификат 116 минути, колку и камионите со  роба испратена со ветеринарен сертификат, изјави Караџа.

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...