Обновено: Жената која се бараше во Карпош е пронајдена

Пронајдена е жената за која на социјалната мрежа Фејсбук се споделуваше апел за помош односно пронаоѓање.Баба Сашка која денеска се оддалечила од својот дом и се бараше во реон Центар, Тафталиџе и Карпош, е пронајдена. Таа има 80 години и има дијагностицирана деменција. Облечена е во црна облека со црна плик-ташна.
Го напуштила својот дом денеска во 13 часот и 30 минути по што блиските алармираа доколку некој ја види да алармира во полиција.

Од семејството за „Слободен печат“ информираа дека жената била симната од комбе кое било упатено кон Куманово и дека потрагата по неа е успешна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот