logo
logo
logo

Карло Анчелоти во Манчестер ќе поведе играч кој нема право да игра во ЛШ

Vecer | 16.04.2024

Карло Анчелоти во Манчестер ќе поведе играч кој нема право да игра во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти направи прилично необичен потег во пресрет на неговото патување во Манчестер на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Сити. Со тимот води и играч кој нема право на настап.

Станува збор за Порториканецот Џереми де Леон ќе патува со првиот тим на Реал Мадрид на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, иако нема право на настап.

Карло Анчелоти одлучи да го однесе Џереми де Леон во Манчестер за да го почувствува искуството од натпревар од Лигата на шампионите. Тој во моментов не може да игра бидејќи не е пријавен“, наведува Релево.

Талентираниот 20-годишен фудбалер моментално е член на младата екипа на Реал Мадрид која се натпреварува во третото ниво на шпанскиот фудбал.

Од неговото доаѓање, тој најмногу седи на клупата и има акумулирано нешто повеќе од 70 минути фудбал без никаков ефект.

Сепак, често тренираше со првиот тим. Анчелоти очигледно гледа нешто во него и реши да го земе со остатокот од тимот за да ја почувствува магијата на игра на големата сцена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk