МПЦ-ОА: Канонизирање на тројца нови светии – Спасе и Спаса Вишенски и преподбно-маченичка Стефанида Битолска

Синодот на МПЦ-ОА, по предлог на Синодската комисијата за канонзирање на светии, на денешната седница одлучи да ги вброи во диптихот на светители и исповедниците и праведни Спасе и Спаса Вишенски и преподбно-маченичка Стефанида Битолска.

– Синодот смета за потребно да појасни дека независно од личните мислења на поединци и црковни портали, официјалните ставови на МПЦ – ОА се оние кои излегуваат од портпаролот на Синодот и преку соопштенијата од канцеларијата на САС, потенцираат од МПЦ-ОА.

Синодот им посакува на своите верни чеда душеполезен пост и достојно да го дочекаме Христовото Воскресение.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното