logo
logo
logo

ОЈО истражува зошто во МВР со месеци се чувало во фиока решението за забрана за работа на станицата „Виа комерц“

Vecer | 18.01.2022

ОЈО истражува зошто во МВР со месеци се чувало во фиока решението за забрана за работа на станицата „Виа комерц“

Зошто забраната за работа на станицата е издадена веднаш по несреќата во Бугарија, а не три и пол месеци претходно кога бил изготвен таков предлог од надлежните служби? И покрај неколкуте наши обиди да добиеме објаснување од МВР, до денеска овој владин ресор не одговори на ниту едно прашање на „360 степени“ поврзано со темата. Основното јавно обвинителство Скопје истражува зошто во МВР повеќе од три месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот што изгоре во Бугарија. Министерот Оливер Спасовски и неговиот кабинет и натаму молчат – зошто станицата е затворена веднаш по трагедијата во Бугарија, иако пропустите во работата биле откриени многу порано. По сторијата на „360 степени“, одговори побараа и дел од партиите. „Поддржување министер кој три месеци во фиока го чува предметот за затворање на станицата за технички преглед, во која бил регистриран и кобниот автобус на „Беса Транс“, порача Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за избор на новата Влада. „Спасовски мора да каже зошто дозволил оваа станица да работи уште три и пол месеци по констатираните неправилности и до кога мислел да дозволи да работи?“ праша Зулфи Адили од Алијанса за Албанците. Дали и зошто се тактизирало? За едно возило да може да учествува во сообраќајот мора да помине низ процесот на технички преглед, осигурување, регистрација… Вакви услуги до неодамна нудеше и компанијатата „Виа Комерц – Џемаљ“ во скопско Глумово. Тука, во октомври, последна контрола минал и автобусот на „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија на крајот на ноември при што загинаа 45 лица. Три дена по трагедијата, без да биде информирана јавноста, Спасовски привремено ја ставил компанијата под клуч. Пред четири дена, станицата се уште беше затворена. Целиот текст прочитајте го ТУКА. https://youtu.be/IcupxD5pvnc

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk