Вчера гласаа граѓаните од дијаспората, болните и изнемоштените

До 19 часот вчера, според информациите кои ги доби Државната изборна комисија од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи од пријавените 2.569 гласачи. Од ДИК напонуваат дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места од вкупно 31 избирачко место во свестот каде што е организирано гласање. 

Од ДИК потсетуваат дека во дијаспората се гласа само за претседателските избори, а не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.

Што се однесува до 14-те гласачки места во казнено поправни установи во земјава каде своето гласачко право го остварија 2.147 гласачи за претседателските избори и 2.140 гласачи за избор на пратеници во Собранието, гласањето таму течеше без проблеми. До 19 часот, според ДИК гласаЛЕ 1.298 гласачи од запишаните за претседателските избори, односно 1.397 гласачи или 68.72 % за парламентарните избори. Правото на глас  во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и двајца гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го оствариле своето право и за двата вида на избори. Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено. 

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори.

Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач за претседател на државата односно 400 гласачи од 20 центри. Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8.926 односно болни или немоќни лица за претседател на државата односно 10.036 за пратеници во законодавниот дом.