Рускиот психолог Лабковски има над 30 години практично искуство, а магазинот „Форбс“ го вброи меѓу најпознатите психолози на денешницата. Во книгата „Сакам и разбирам: Како да одгледуваме среќни деца“, тој ги анализира конкретните предизвици кои на родителите им ги поставува воспитувањето на децата: што да се прави во првата година од животот на бебето, како да се воспитува дете до тригодишна возраст, како да се пристапи кон раниот детски развој, како да се подготви детето за на училиште и зошто само едната петка во училишниот дневник е проблем.

Во едно поглавје тој се осврнал на децата што биле казнети со тепање. Тој објаснува дека некои родители имаат позитивен став кон физичкото казнување бидејќи и самите биле подложени на овој метод на воспитување во детството и не разбираат колку е „страшна“ оваа техника.

„И мене ме тепаа и ништо не ми се случи“

„Не треба секогаш да ги следите родителите или да го земете сопственото детство како пример. Родител кој тепа дете е психички небалансиран, тоа е личност која има проблем со бес и со агресија. Родителот треба сам да си го реши проблемот, а не да го пренесува на детето“, вели Лабовски.

Потоа објаснува што се случува во главата на детето ако неговите родители го тепаат: „Тоа разбира дека светот функционира на начин на кој посилниот може да го повреди послабиот. Детето мисли дека неговите родители не го сакаат, што е лошо. Во што ќе се претвори тоа дете тогаш? Како ќе комуницира со другите луѓе, со животните? Како ќе ги воспитува сопствените деца?“

Психологот ги советува родителите секогаш да разговараат со своите деца, детално да им објаснат каде и кога грешат. Притоа, критиките не треба да се фокусираат на квалитетите на детето, туку на неговиот чин.

„Направи нешто лошо, но мене не ми се допаѓа тоа однесување“ или „Многу ми пречи што се однесуваш така“, се примери на реченици на кои родителите можат да се фокусираат.

Нема потреба од викање

Исто така, Лабковски советува да разговарате со детето со нормален тон и да не му викате, а дури и да направило нешто лошо – тонот треба да биде нежен, но цврст. Казната не мора да биде придружена со викање, гневни гестови и луто лице. Тој нагласува и кои казни се прифатливи според него.

„Мислам дека е сосема прифатливо да му се ускратат на детето играчки, уреди или други материјални работи или одењето на некој забавен настан. Она што не е во ред е да му се забрани свеж воздух на детето или да се стави во домашен притвор“, посочува Лабковски.

И двајцата родители мора да учествуваат во казнувањето

Психологот нагласува дека во семејството треба да има солидарност, односно дека мајката и таткото не треба да имаат несогласувања и треба еднакво да ги казнуваат сите деца. Во спротивно, едното дете ќе сфати дека може сè, а другото ништо, што ќе доведе до манипулација.

„Родителите често мислат дека детето прави нешто намерно или од инает. Вистина е дека во 99 отсто од случаите децата некои работи ги прават ненамерно, односно без лоша намера. Ако го казните детето без објаснување, во 90 проценти од случаите тоа нема да извлече никаков заклучок и поука“, заклучува Лабковски.

Извор



912

X