Калин Ивановски напредуваше за 17 позиции на најновата АТП листа

Калин Ивановски во Мадрид стигна до третата професионална титула/фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Македонскиот тенисер бележи нов напредок на АТП ранг листата, односно има скок од 17 позиции.

Калин Ивановски моментно се наоѓа на 610 позиција вкупно освоени 47 поени.

Ивановски има само 18 години, а со освојувањето на ИТФ Фјучрс турнирот во Мадрид, Шпанија, докажува зошто е една од најголемите македонски тениски надежи.

На врвот останува Шпанецот Карлос Алкараз со 6,820 поени, пред неговиот сонародник Рафаел Надал, а на третото место е Норвежанецот Каспер Руд.

АТП листа, топ 10 –

1. Карлос Алкараз 6,820 поени
2. Рафаел Надал 6,020
3. Каспер Руд 5,820
4. Стефанос Циципас 5,550
5. Новак Ѓоковиќ 4,820
6. Феликс Оже-Алијасим 4,195
7. Данил Медведев 4,065
8. Андреј Рубљов 3,930
9. Тејлор Фриц 3,355
10.Хуберт Хуркач 2,905

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот