Бујар Османи од
ДУИ кој беше кандидат за претседател на Македонија денеска од позиција на министер
за надворешни работи зборуваше за парламентарните избори говорејќи дека
Мицкоски како победник на изборите не смеел да одлучи со кого ќе оди во влада,
иако тоа може.  Македонија не е бинационална
држава а влада формира тој кој ќе стигне до 61 пратеник. ДУИ во 2017 формираа
влада со СДСМ, иако СДСМ загуби на изборите. Но, кога ДУИ се наоѓа во таква
позиција тоа не им се допаѓа.
Воедно на Османи
му смета и слоганот Македонија Твоја па се обидува за истиот да го прикаже дека
бил против Албанците.
Османи избегна да
одговори на денешната прес-конференција дали ДУИ, и по сите навреди и
обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, би влегла во коалициска влада со оваа
партија.
Османи, исто
така, не одговори директно дали ДУИ ќе го поддржи Стево Пендаровски во вториот
круг од претседателските избори, инсистирајќи дека за тоа прашање треба да
решава заеднички нивниот „Европски фронт“. Тој неколкупати порача дека
Христијан Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во идната
влада и уште повеќе, дека е срамота што се разговара за идни коалиции кога
изборите сѐ уште не се ни одржани.
На слогонот на
ВМРО-ДПМНЕ „Македонија повторно твоја“, за кој рече дека е понижувачки за
Албанците во државата, тој реплицираше со слични фрази за достоинство на
граѓаните со порака дека битката меѓу „Вреди“ и „Европскиот фронт“ е завршена
со првиот круг на изборите за претседател и дека сега сите се обединети како
Албанци против обидите на ВМРО-ДПМНЕ да решава во нивно име кој ќее ги
претставува.
„Не одлучува
Мицкоски кој ќе биде претставник на Албанците. За тоа ќе одлучи народот“,
порача сѐ уште актуелниот министер за надворешни работи во техничката влада.
Според него,
целта на ДУИ не е да биде стигматизирана од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ туку да се
почитува волјата на избирачите, а таа е јасно искажана и не може да се згази
ниту за момент.
„Таквата изјава
(дека ДУИ ќе замине во опозиција) е шовинистичка и е навредливо да зборуваме за
коалицирање на 9 дена пред избори. Повредено им е достоинството на гласачите со
изјавата дека воопшто нема да биде важна нивната волја за кого ќе се определат.
Тоа е омаловажување на волјата на избирачите, тоа не само што на е демократски,
туку Албанците ги враќа во времето на Рахман Морина“, рече Османи.
Тој нагласи дека
народот е тој што одлучува кој е претставникот на албанскиот народ, како и на
други етнички заедници, а знаеме, додаде Османи, дека се вклучени во рамки на
„Европскиот фронт“.
„Mицкоски успеа
да го врати кај Албанците сеќавањето на стогодишното ропство и на понижувањата
во некогашна Југославија. Тој успеа да активира нерв за кој мислевме дека е
трајно сокриен. Успеа да го врати времето од Југославија, кога беше одлучено
дека Рахман Морина ќе ги претставува Албанците. Но овој обид за омаловажување
на секој Албанец и на етничките заедници со слична судбина, ги мобилизира
луѓето, а ги мобилизира и оние кои во првиот изборен круг не излегоа да
гласаат. Веќе не е прашање на избор меѓу ‘Европскиот фронт’ предводен од ДУИ и
коалицијата ‘Вреди’. Таа битка практично е завршена на 24 април, така како што
е завршена. Сега повикот треба да биде како да го тргнеме национализмот од
сцената и да ја интегрираме државата во ЕУ“, рече Османи.
Тој оцени дека
изјавата на Мицкоски е обид за рушење на достоинството на народите и е
понижување да се зборува отсега за таква власт без почитување на изборната
волја.
„Тој предзвика
таква мобилизација кај избирачите каква што со години и години не сме виделе. И
каков е резултатот од таа мобилизација кај Албанците и други етнички заедници
ќе се искаже на 8 мај. Народот ќе каже
тоа што треба да се каже, својата волја ќе ја искаже“, рече Османи.
Тој нагласи дека
во рамки на „Европскиот фронт“ ќе се расправа во врска со изјавите од
ВМРО-ДПМНЕ кои ја „враќаат меморијата кај Албанците“ и оцени дека изјавите на
Мицкоски се шовинистички.
„Државата
повторно да биде ‘твоја’ е шовинистички повик во една држава во која Албанец
води надворешна политика за сите граѓани и во интерес на државата.
Национализмот раѓа нов национализам. За жал овие сили го вратија тоа чувство на
пониженост кај Албанците и другите етнички заедници“, рече Османи коментирајќи
ја, како што нагласи, провокативноста на некои слогани и изјави. Но, на
новинарско потпрашање за извиците „УЧК, УЧК“ од лидерот на ДУИ, Али Ахмети,
одговори дека Ахмети веќе дал одговор.