Свет

САД: Забележан благ пораст на инфлацијата во февруари

14 мар 2024

 Стапката на инфлација во САД во февруари бележи благ пораст, кој бил поттикнат од повисоките цени на бензинот и недвижностите ( + 3,8% и 5,7% на годишно ниво).

Годишната стапка според која се мери темпото на раст на цените, во февруари изнесувала 3,2% во однос на 3,1% во јануари, објави министерството за труд.

Авионските карти ( кои во февруари биле поскапени за 3,6 % во однос на претходниот месец) автоосигурувањето и облеката биле меѓу ставките кои придонеле до месечното зголемување на инфлацијата.Цената на храната, на месечно ниво останала непроменета, затоа што поскапувањата на производите како што се житариците, лебот и јајцата, било неутрализирано со ниските цени на месото и свежото овошје.

 Цените на храната во февруари во однос на истиот период лани биле повисоки за 1%. Доколку се исклучи влијанието на цената на становите, инфлацијата во февруари годианва во однос на истиот месец лани, изнесува 1,8%

 

 

Извор: INB2B Media

Фото:  Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...