Поетичните и медитативни цртежи на Јурија Окамура

19.01.24 11:34

Австралиската уметница Јурија Окамура во своите деликатни цртежи и ѕидни мурали ги испреплетува космичките геометрии со лековитите билки. Евоцирајќи го анимизмот и будистичките и шинтоистичките верувања со кои се среќавала за време на своето детство во Јапонија, делата на Окамура изработени со пенкало и акрил, со својата симетричност, пастелните палети на бои и придушените смирувачки аури создаваат амбиент за медитација и контемплација.

Честопати, придружувајќи ги помалите дела на хартија, муралите на Окамура претставуваат обрасци од големи размери кои уметницата ги црта на ѕидовите околу принтовите притоа создавајќи извонредни архитектонски инсталации. Овој спој креира „простор налик на храм за зачувување на природата“, вели таа. Споени на тој начин делата ги имитираат тивките, рефлектирачки квалитети на светите места.

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото