Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Преработените пијалаци вклучуваат широк спектар на пијалаци кои поминале низ различни производствени процеси.

Овие пијалаци често содржат додадени шеќери, вештачки ароми, конзерванси и други адитиви за подобрување на вкусот, изгледот и рокот на траење.

Иако изгледаат погодни, уживањето во преработени пијалаци може да има негативни ефекти врз здравјето на цревата и да придонесе за акумулација на висцерална маснотија.

Д-р Блен Тесфу и диететичарот и нутриционист Лорен Харис-Пинкус откриле два такви пијалаци.

Енергетски пијалаци

Енергетските пијалаци, кои често се конзумираат за брзо зголемување на енергијата, може да имаат негативни ефекти врз здравјето на цревата и да придонесат за акумулација на висцерални масти. Полни со кофеин, шеќер и вештачки адитиви, овие високо преработени пијалаци можат да ја нарушат деликатната рамнотежа на бактериите во цревата, што доведува до воспаление и дигестивни проблеми.

Високата содржина на шеќер во енергетските пијалаци, исто така, може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да го промовира складирањето на маснотии, особено висцералните масти, доколку се консумираат прекумерно.

„Енергетските пијалаци можат да предизвикаат гастритис, воспаление и дијареа. Покрај тоа, тие можат да предизвикаат нервоза и да ја зголемат анксиозноста“, вели Харис-Пинкус за SheFinds.

Алкохол

Алкохолот вклучува различни видови, од пиво и вино до алкохолни пијалаци како вотка и виски. Прекумерното внесување може да доведе до негативни ефекти врз здравјето на цревата, да придонесе за таложење на маснотии околу стомакот и други сериозни здравствени проблеми, предупредува докторот.

Одредени видови на алкохол, особено оние кои се богати со шеќер и калории, како што се зашеќерените коктели и виното, можат да го оштетат нашето здравје на цревата и да промовираат воспаление, што на крајот ќе доведе до дигестивни проблеми и зголемување на телесната тежина.

„Прекумерното консумирање алкохол може да го наруши балансот на цревните бактерии, што доведува до дисбиоза и нарушувања на дебелото црево. Исто така, редовното консумирање алкохол е поврзано со зголемен ризик од воспалителни болести на цревата, како што се Кронова болест и улцеративен колитис“, заклучува Тесфу.

реклама

Дали кондомот влијае на времетраењето на односот?

Read more

Корисни домаќински трикови со кондоми

Read more

Трик за лесно ослободување од досадните семки од пиперките

Read more

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Read more

Здравје

Една вообичаена навика може да предизвика губење на видот

Read more

Храна која го надополнува недостатокот на витамин Д

Read more

Дали навистина треба да пиеме чаша вода кога ќе се разбудиме?

Read more

Недостатокот на една хранлива материја му штети на организмот повеќе од пушењето

Read more
 

Магазин

Како да го забрзате метаболизмот: Многу е полесно отколку што мислите

Читај повеќе

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 12 ненаселени места во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за лесно ослободување од досадните семки од пиперките

Читај повеќе

Корисни домаќински трикови со кондоми

Читај повеќе
  • filter

Летно пиво: Историја на радлерот

Читај повеќе

Експерт од Харвард тврди дека сите оние што се незадоволни од својата работа прават една грешка

Читај повеќе
  • filter

Што да се јаде во процесот на слабеење? Најдобри намирници за појадок со висока содржина на протеини

Читај повеќе

Колач со бел и темен крем: Најкремастиот десерт што можете да го направите

Читај повеќе