Лајчак: Во Приштина согласност за спроведување на сите договори со Белград

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по вчерашната ненајавена посета на Приштина, соопшти дека заедно со премиерот на Косово, Аљбин Курти и шефот на преговарачкиот тим во Брисел Бесник Бесљими постигнале договор за спроведување на сите договори постигнати меѓу двете страни.

Лајчак на „Твитер“, заедно со фотографија од вечерата со Курти и Беслими, објави дека се вратил во Косово за да продолжи со „чесните, отворени и интензивни дискусии“ за следните чекори и за патот кон нормализирање на односите со Србија.

„Се согласивме и дека сите претходни договори за дијалог мора целосно да се спроведат“, рече Лајчак.

Во синоќешното интервју за ТВ Кљан Косова, пред заедничката вечера со Курти и Бесљими, словачкиот дипломат и претставник на ЕУ предупреди дека партијата што ќе го одбие европскиот предлог ќе се соочи со намалување на поддршката.

„Меѓународната заедница мора да одговори на соодветен начин и ќе ја поддржи повеќе едната страна или ќе ја намали поддршката за другата страна“, рече Лајчак во емисијата „Рубикон“.

Наведувајќи дека разговорите за планот на ЕУ за Косово се водат одделно со сите страни, Лајчак рече дека очекува Косово и Србија да го прифатат и потпишат предлогот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.