„Сега мојата приказна е и ваша“: Тејлор Свифт го издаде својот 11. студиски албум „The Tortured Poets Department“

Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

Американската пејачка Тејлор Свифт (34) го објави својот единаесетти студиски албум „The Tortured Poets Department“.

На среќа на нејзините обожаватели, музичката ѕвезда им подари двоен албум со 31 песна. Првично, таа го објави албумот со 16 песни, а два часа подоцна ги објави и останатите 15 песни.

„Ова е изненадување во 2 часот наутро – ‘The Tortured Poets Department’ е двоен албум. Напишав толку многу мачна поезија во изминатите две години и сакав да ја споделам со вас, па еве го вториот дел од ‘TTPD: The Anthology’. 15 дополнителни песни. И сега приказната повеќе не е моја… таа е сета ваша“, напиша Свифт во најавата за албумот на социјалните мрежи.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Што се однесува до соработките, на овој албум се најдоа две дуетски песни – „Fortnight“ со раперот Пост Малоун и „Florida!!!“ со музичката група „Флоренс енд д машин“.

Свифт го најави албумот на годинашното доделување на музичките награди Греми 2024 година, откако ѝ беше доделена статуетката за најдобар поп албум.

„Ова е мојата 13. Греми статуетка, што е мојот среќен број. Не знам дали некогаш сум ви го кажала тоа. Би сакала да им се заблагодарам на членовите на Академијата за запис на звукот и уметностите што гласаа на овој начин, но знам дека начинот на кој гласаше Академијата е директен одраз на страста на фановите.

Сакам да им се заблагодарам на обожавателите со тоа што ќе ви кажам една тајна што ја чувам од вас во последните две години – мојот нов албум излегува на 19 април. Именуван е ‘The Tortured Poets Department’“, откри таа тогаш.

Потоа Свифт ги објави фотографиите од фотосесијата за албумот, дело на американскиот фотограф Бет Гарабрант.

Инаку, Свифт е една од најпродаваните пејачки во светот, а според престижното списание „Форбс“ заработила 1,1 милијарда долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот