Регион

Србија: „Лидл“ ќе организира акции за чистење

18 мар 2024

„Лидл“ – Србија и година ќе го спроведе проектот „Чисто од љубов“, во чии рамки, во месеците април и мај, ќе организира акции за чистење низ Србија.

За таа прилика, компанијата ги повика сите заинтересирани страни од локалната заедница да се пријават за финансиска поддршка и да спроведат акција за чистење во својот град, односно да се приклучат на „Лидл“ во спроведувањето на проектот.

 Загадената животна средина, која ја забележуваме насекаде околу нас, не само што е грда слика, тука е погубна за екосистемот. Материјалите кои завршуваат во природата имаат своја вредност која што пропаѓа, затоа што не ги насочуваме кон повторно искористување, особено значајни во таа смисла се амбалажите „ALU“ и  „PET“, подари рециклирачкиот потенцијал. Од настанувањето на проектот во 2020 година, досега собравме над 60 тони отпад од природата, со над 2.500 волонтери, а годинава се надавема на уште подобри резултати, изјави Александра Мириќ, специјалист за корпоративна социјална одговорноста на „Лидл“ – Србија.

 Сите заинтересирани организации можат да аплицираат на сајтот на „Лидл“ – Србија.

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...