• Иван Димовски
Реал Мадрид има негатива од три гола по првиот меч против Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Кралевите“ загубија убедливо во Лондон, ама во клупските редови и натаму владее оптимизам дека ситуацијата може да се сврти.
Џуд Белингем беше на прес-конференцијата пред натпреварот и даде своја анализа изнесувајќи ги очекувањата.
„По натпреварот беше комплицирано, ама можете да го видите расположението во моментов. Заразно е и ви дава сигурност во ситуацијата во која се наоѓате. Не можам да кажам дека беше така по поразот, во автобусот, ама ние веруваме во себе. Имавме комплицирани натпревари, ама сеедно успеавме да победуваме. Мислам дека постојат негативни работи во натпреварите, нема секогаш да ги направиме исправно. Уште сме способни да одиграме добро, без оглед на се мора да веруваме во своите способности.
Мислам дека зборот „ремонтада“ го слушнав милион пати оваа седмица. Тоа многу нè мотивира, тоа е вечер како креирана за Реал Мадрид. На Бернабеу секогаш владее неверојатна атмосфера, енергијата е заразна. Не бараме од навивачите да направат нешто што не се случувало порано. Мора да ја почувствуваме нивната енергија за да дадеме максимум и да ги направиме горди“, изјави Белингем.
Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ се игра в среда од 21:00 часот.