Свет

Конго: Со 20 милиони долари Nespresso ќе ги поддржи производителите на кафе

05 апр 2024

До 2026 година Nespresso ќе инвестира 20 милиони долари во поддршка на локалните производители на кафе во Демократската Република Конго.

 Познатиот бренд, покрај тоа сака да собере уште дополнителни 20 милиони долари како помош за одгледувачите на кафе во Киву.

Оваа иницијатива е дел од програмата „Nespresso ревивинг оригинс“, чија цел е да се обнови одгледувањето на кафе во загрозените региони, вклучувајќи го Киву, каде сео децении се соочуваат со политичка и економска нестабилност, соопштуваат од компанијата.

 Киву има потенцијал да биде меѓу најголемите светски региони за кафе, но во последните години се соочува со исклучително тешки услови. Преку нашата програма соработуваме со конгоанските земјоделци и ги здружуваме силите со партнерите со цел да го вратиме Киву како водечки извор на висококвалитетното кафе Арабика. Во контест на екскалацијата на насилството во источно Конго,   повторно се појавија болести кои се пренесуваат преку вода, а секојдневниот живот е под голем притисок. Важно е да се помогне во зголемување на пристапот кон здравствената заштита и чистата вода, како и да се поддржат земјоделците овозможувајќи им пристап на глобалниот пазар, изјави Џулиам Ле Кунф, извршен директор во „Нестле“ задолжен за Nespresso.

 Партнери на оваа програма се Иницијативата на Источно Конго, „Техносерв“, Американската агенција за меѓународен развој, Глобалниот фонд за околината, „Клармондиал“, Меѓународната унија за зачувување на природата и Virunga Coffee.

 

Извор: INB2B Media

Фото: Pexels

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...