Израелски пилот: Одбранбената операција беше најзначајниот лет во мојата кариера

photo: IDF SPOKESPERSON'S UNIT

Околу 22 часот во саботата вечерта, израелски пилот и неговите колеги добија предупредување дека е време да се „вивнат“ кон небото.

„Изминатава сабота, летав на најзначајниот лет што некогаш сум го направил“, изјави за „The Jerusalem Post“ мајорот „Н“, од израелските воздухопловни сили и пилот во ескадронот 122, кој е на резервна должност од 7 октомври.

Тој, се разбира, мислеше на широката одбранбена операција на Израел во услови на повеќестрани воздушни напади што ги започна исламскиот режим.

Операцијата добила кодно име „Железен штит“.

photo: IDF SPOKESPERSON’S UNIT

Од една страна „Н“ беше соочен со разочарување во петокот кога и кажа на својата сопруга дека нема да се врати дома таа ноќ – или цел тој викенд, од друга тој беше исполнет и со „возбуда“ и „фокус“, откако беше информиран за историската операција во која тој ќе учествува. Требаше само да се подготват израелските одбранбени системи.

„Јас сум пилот повеќе од 20 години и сум учествувал во многу операции, и во и надвор од Израел. Ова беше најзначајниот лет“, рече тој додавајќи дека од 7 октомври, сите воздухопловни сили, преминале на највисоко ниво на будност, без разлика дали се работи за Газа или дополнителни закани.

Таа ноќ, Израел распореди голем број авиони за откривање, известување и на крајот отстранувањето на заканите од воздухот.

Меѓу нив беа распоредени и авиони од типот „Шавити“ кои имаат задача да собираат разузнавачки информации од голема височина, имаат долг дострел на летови и напредни системски способности. Тие можат да ја детектираат работата на електронските системи на стотици километри во оддалечените области.

Авионите од типот „Оронс“ имаат високи перформанси при низок лет и се опремени со напредни радари и разузнавачки системи кои создаваат сеопфатни разузнавачки слики во реално време.

Во ваков тип на авион вечерта беше распореден и пилотот „Н“.

„Работевме за да ги препознаеме заканите и да им дадеме до знаење на пилотите на ловците кои се најголемите закани“, објасни „Н“ дообјаснувајќи дека акцијата наликувала на „компјутерска игра“

Според него, без ангажманот на неговата ескадрила, некои од заканите би стигнале до Израел.

photo: IDF SPOKESPERSON’S UNIT

На прашањето како се чувствува по операцијата, пилотот вели дека по таа вечер со денови не можел да спие.

„Дури сега, три дена подоцна, разбирам што доживеав таму“, рече тој. Искусив како е да се учествува во нешто многу поголемо од мене. Требаше физички да ја заштитам земјата на најчисто место. Чувствувам дека ова беше многу значајно и дека физички го заштитив Израел од 60 тони бомби“.

Откако сите безбедно слетаа, пилотите и контролорите, заедно со нивните команданти, се состанаа на дебрифинг, како што редовно прават воздухопловните сили.

„Вистински искрен дебрифинг е централен за нас“, рече „Н“. „Секогаш бараме да се подобруваме. Подготвени сме на секаква закана. Секогаш вежбаме, секогаш ги остриме ножевите. Ниту еден момент не ги забораваме заложниците“, заклучи „Н“ низ солзи. „Нашата главна цел е да ги вратиме. Им посакувам само слобода на нашинците кои во моментов се заложници, да се вратат здрави и сите војници, резервисти или не, да се вратат дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот