Поминаа 24 часа, рок кој Владата им го даде на осигурителните компании да ги вратат цените - тие тоа не го направија

Нема корекција на цените кај осигурителните полиси, осигурителните компании не попуштаат согласно препораката од министерството за финансии и ценовникот на полисите да го вратат на нивото од пред 25ти април. Со поскапениот тарафник граѓаните треба да плаќаат дополнителни од 840 до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото, на оваа немаштија не се потребни екастра давачки велат сопствениците на моторни мозила.

Според последните најави денеска комисијата за авто одговорност при Министерството за финансии повторно ќе одржи состанок, на кој според неофицијални информации, ќе им биде наложено на компаниите да ги вратат старите цени.

Спорното е во тоа што осигурителните компании решија да го зголемат фондот токму за режиските трошоци и тоа од 30 на 50 отсто со што крајната цена на осигурениците се зголемува за 15 - тина отсто.

Ваквата одлука се очекува да се стави и на дневен ред на за денеска најавената седница на владата. Од друга страна пак се на ставот дека  цените се непроменети уште од 2008 година и дека е веќе време за нивно покачување.