Откако Апасиев го одби, а Димитриевски му постави црвени линии: Мицкоски повторно повика на обединување

„СДСМ прави заговор, Пендаровски моли странци, а опозицијата мора да се обедини“. Христијан Мицкоски и вечерва од митинг порача дека е потребно национално обединување. Тој откако вчера обзнани мораториум и порача да прекинат сите напади кон Левица и ЗНАМ, денеска лидерот на Левица, Апасиев порача дека жестокоста во критиката не смее да попушти и рече: „Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци. Термометарот на жестокоста во критиката не смее да се спушти ниту за степен!“

Вечерва Мицкоски повторно порача дека опозицијата мора да се обедини и дека Македонија веќе не може да чека, бидејќи граѓаните се уморни.

„Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа“, додаде тој.

Мицкоски оцени дека овие избори се последна шанса за спас, промените, рече, се можни и се на дофат, а народот бара промени затоа што Македонија е изморена од чекање.

Претходно, претседателскиот кандидат Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,  повтори дека нема коалицирање со СДСМ, а на лидерот на ВМРО-ДОМНЕ му порача дека без дефинирани црвени линии за Македонија нема ниту разговор за идна коалиција, но нема и без расчистување на коруптивните „опашки“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот