ВИДЕО | Славниот Ромарио на 58 години се врати на фудбалските терени
Славниот бразилски фудбалер, Ромарио по играчката кариера влезе во политичките води и беше сенатор во својот Бразил, а сега се најде во центарот на вниманието поради враќањето на фудбалските терени на 58 години.
Ромарио ќе нстапува повремено за тимот на Америка од Рио Де Женеиро, клуб каде и што е претседател.
„Кога во прашање се тренинзите…навистина сум уморен. Наскоро ќе ме носите на носилки. Не сум тренирал 16 години“, изјави Ромарио.
Ромарио не крие и дека негова желба е да заигра со синот Ромарио.
„Сакам да кажам дека идејата е да играм само по неколку минути во некои натпревари. Мојата најголема цел е да добијам прилика да бидам на терен со својот син. Таква е желбата на многу спортисти, Леброн или Ривалдо. Многумина тоа го сакаат, а јас сега ќе ја имам таа можност“, објасни Ромарио.
На видеото на кое се појави на социјалните може да се види и дека славниот Бразилец е во добра форма со оглед на годините.
Brazil’s 1994 World Cup winner Romario, aged 58, trained at Rio de Janeiro club America this week, with the hope of sharing the pitch with his son later this year. pic.twitter.com/TyWfz04nSP
— World Soccer (@WorldSoccerMag) April 26, 2024