23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакр кај селото Вејце, тетовско, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица паднаа во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени од страна на припадници на УЧК.

Тогаш беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).