Хамас побара од Катар и Египет да ги појаснат условите за прекин на огнот

Тунел на Хамас / Фото Архива

Милитантната група Хамас денеска побара од Катар и Египет, како посредници во преговорите со Израел, да ги појаснат условите на израелската делегација за договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Официјален претставник запознаен со преговорите изјави за „Тајмс оф Израел“ дека Хамас сака јасни услови за безусловно враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Газа.

Хамас, исто така, сака да обезбеди дека втората фаза од договорот ќе вклучува разговори за постепено и целосно повлекување на израелските трупи од Појасот Газа.

Во моменталниот договор не е објаснето на кого и кога би било дозволено да се врати во северниот дел на Газа.

Досегашниот договор меѓу Хамас и Израел, во неколку фази, вклучува ослободување на 33 заложници и во замена за прекин на борбите и ослободување на стотици палестински затвореници од израелските затвори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот