Трилинг - По војната во Украина светот ќе биде променет

Македонскиот и бугарскиот премиер загрижени - Москва го окупира Балканот со свои разузнавачи.

Поранешниот премиер Груевски и екс-шефот на тајната полиција Мијалков со семејствата и фирмите на црната листа на САД.

Белград без градоначалник со кинески ракети. Дали Вучиќ со својата топло - ладно политика кон ЕУ и САД ќе успее да ја задржи неутралноста?

На овие и други прашања, одделни разговори со Ида Протуѓер - тренер за личен развој и поранешна новинарка која живее и работи во Виена, Горан Момироски новинар и Душан Релјиќ - директор на германскиот Институт за меѓународни и безбедносни работи.

Водно со нова градежна окупација. Бетонизацијата продолжува, зеленило се помалку, a урбаната мафија нема кој да ја сопре, сторија на Игор Стојанов.

Штрајкува и Моџо Килингтон, Трилинг рубрика (Не) реално.