Децата често знаат да бидат пребирливи кога се работи за храната или пак да одбиваат да јадат. Тоа најчесто се случува додека се малечки, односно на возраст од 2 до 4 години.

Оваа мајка има тактика со која децата успешно го јадат она што таа го подготвила за нив. Имено, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавила видео во кое се гледа како таа седнува на маса да јаде од оброкот што го подготвила за нив. Тоа ги заинтригира нејзините дечиња и почнуваат да се врткаат околу неа за да видат што прави.

Таа им вели дека можат да пробаат само еден залак од „нејзиното“ јадење. Така ги мотивира тие да покажат интерес за оброкот, па на крајот двете деца седнуваат да јадат, па дури и ѝ се заблагодаруваат што им го отстапила оброкот. Па, обидете се и вие…

Извор



912

X