1013 hPa
45 %
27 °C
Скопје - Пон, 06.05.2024 15:59
Никој не ѕвони по телефон
и не шепоти нежни зборови,
Приквечер или на полноќ
Кога штурците почнуваат
Немилосрдно да цврчат
Засилувајќи ја тишината.
Кога сè ќе стане густо,
Како застојана крв -
Ноќта, и самотијата на работите околу,
Само ударите на срцето
Ја надјачуваат глувоста
Што се цеди низ рбетот, и пониско,
Како пот сред жега
и копнеж сред ноќ.
Будно и со ширум отворени очи
Лежам во мракот,
Што уличните светилки го зголемуваат,
и ги чинат не помалку вечни:
Ноќта, мракот и самотијата.
Превод: П. В.