Алијанса на Села оди на избори во коалиција со Ахмети и Тачи

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од нејзиниот поранешен лидер Зијадин Села на претстојните избори ќе се претставува како дел одкоалицијата предводена од ДУИ на Али Ахмети но и со својот поранешен лут ривал од ДПА, Мендух Тачи, од кого Села првично се оддели како фракција која бараше реформи во партијата, а потоа ја оформи Алијанса за Албанците.

Села, по одржувањето на Централното собрание попладнево, изјави дека одлуката била донесена едногласно и дека само еден делегат бил против.

„Одлучувавме за понудата од страна на Европскиот фронт, јас веќе ги објаснив позициите на АА – делегатите едногласно одлучија, еден беше против, и четворица воздржани за АА да биде дел од Европскиот фронт, дел од одговорностите што треба да ги преземеме, за нашата иднина да биде уште подобра“, изјави Села.

Крилото на Села денеска мораше да ја донесе клучната одлука за евентуално приклучување кон една од двете албански коалиции бидејќи поради судскиот спор околу печатот на партијата немаше даможе да настапат на изборите сами.

Сега во Европски фронт, токму поради овој проблем, ќе настапат како независни кандидати.

Според претходно објавени информации во медиумите, Ахмети на Села му понудил четири пратенички места со можност тие да станат пет доколку коалицијата на изборите освои над 20мандати.

„Бројот на пратеници ги одредува народот, гласачите, а не политичките партии. А ние сме се договориле во оваа коалиција, АА да ја зачува парламентарната група во Собранието. Но како резултат на гласањата од гласачите, овие бројки може и да се зголемат. Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите. Од друга страна АА ќе има минимум парламентарна група“, порача Села.

Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за албанците, и кандидат за претседател, претходно обвинуваше дека фракцијата на Села всушност се „дуисти“ и им вети дека доколку одлучат сами да настапат на изборите ќе им ги врати печатите на партијата, но очигледно ваквата негова понуда била неприфатлива за Села.

Расколот меѓу Таравари и Села настана во пресрет на парламентарните и претседателските избори, кога Таравари, кој беше коалициски партнер во Владата на СДСМ и ДУИ, се изјасни дека е за изборен настап со албанската опозиција.

Таборот на Таравари потоа и официјално се приклучи на опозицскиот блок во кој се Беса на Биљал Касами, Алтернатива на Африм Гази и Демократското движење на Изет Меџити. Тие формираа коалиција наречена „Вреди“, а Таравари го избраа за претседателски кандидат.

И Зијадин Села ќе ќари од договорот со Али Ахмети

Таравари: На Села ќе му го дадам печатот и логото само да не оди во коалиција со ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот