ВИДЕО: Надал му се одмазди на Де Минор за поразот во Барселона
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал успеа да обезбеди пласман во третото коло на Мастерс турнирот во Мадрид.
Надал му се одмазди на Алекс де Минор за поразот во Барселона минатата недела откако триумфираше со 2:0 во сетови 7:6 (6) и 6:3.
Надал веднаш направи брејк и поведе со 2:0, но Австралиецот успеа да го врати брејкот.
Рафа влезе во расправија со судијата Фергус Марфи, но тоа не му пречеше премногу во остатокот од сетот, иако го испушти сервисот во седмиот, веднаш направи брејк во осмиот гем.
Се отиде во тај-брејк, каде Надал испушти 6:2 и пропушти четири сет-топки. Но, тој го искористи петтиот и го доби тај-брејкот со резултат 8:6. На стартот од вториот сет веднаш направи брејк и го потврди тоа, а не го испушти сервисот до крајот на мечот.
Следен ривал на Надал ќе биде аргентинскиот тенисер Педро Качин.