Еднонеделен паркинг на аеродромот во Дубровник чини 233 евра и најскап во светот!

Приватен авион илустрација / Фото: Matthew Heinrichs / Alamy / Alamy / Profimedia

Во време кога милиони луѓе ширум светот се соочуваат со финансиски проблеми поради актуелната светска економска криза, трошоците за паркирање на аеродромите значително се зголемени, а во некои случаи и до 260 отсто.

Паркингот на аеродромот „Чилипи“ кај Дубровник, според истражувањето на „Шпинкашин“ е прогласен за најскап во светот, а по него е аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Во истражувањето анализирани се 300-те најпопуларни аеродроми во светот, рангирани според најскапите неделни стапки за паркирање, кои се споредуваат со просечната плата во тие земји, пренесува „Пословни дневник“.

Патниците кои летаат од Дубровник за еднонеделен паркинг на аеродром трошат 74,77 отсто од просечната неделна плата во Хрватска или 233,62 евра. По Дубровник, најскап е аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде патниците за седумдневно паркирање плаќаат 50,18 отсто од просечната неделна плата во Србија. Меѓу десетте најскапи се најдоа аеродромот во Тбилиси, Гетвик во Британија, потоа аеродромот во Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот