Тимур Иванов останува зад решетки, московскиот суд ја отфрли жалбата на рускиот заменик министер за одбрана

Рускиот заменик-министер за одбрана Тимур Иванов ќе остане зад решетки во истражен затвор под обвинение за земање особено големо поткуп, одлучи во средата градскиот суд во Москва.

Иванов ќе остане во притвор до 23 јуни 2024 година, откако судот ја потврди одлуката на Московскиот окружен суд и ја одби неговата жалба за замена на мерката со превентивна мерка куќен притвор.

Рускиот заменик-министер за одбрана, задолжен за воени градежни проекти и обвинет за раскошен животен стил, доби затворска казна минатата недела во очекување на истрага и судење под обвинение за поткуп, се вели во соопштението на судските власти.

Еден од 12-те заменици министри за одбрана и сојузник на министерот за одбрана Сергеј Шојгу беше уапсен во вторникот вечерта минатата недела, се вели во соопштението на рускиот Истражен комитет.

Комитетот не даде дополнителни информации, освен што рече дека Иванов е осомничен за земање особено голем поткуп – дело што се казнува со затворска казна до 15 години.

Иванов претходно беше санкциониран од САД и од Европската Унија во 2022 година, откако Русија ја започна својата воена кампања во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот