Официјално: Јирген Клинсман e нов селектор на Јужна Кореја

Фото: EPA/PETER FOLEY

Поранешниот селектор на Германија и САД, Јирген Клинсман е именуван за нов селектор на Јужна Кореја.

Клинсман во наредната недела ќе допатува во Сеул на клупата на Јужна Кореја, а ќе дебитира во пријателскиот натпревар против Колумбија на 24-ти март, објави фудбалската федерација на оваа земја.

Германскиот стратег на клупата ќе го наследи Португалецот, Паоло Бенто кој Јужна Кореја ја предводеше до осминафиналето на Светското првенство каде што беа поразени од Бразил. Последниот ангажман Клинсман го имаше во Херта, а клубот од Берлин го напушти на почетокот на 2020 година, по само десет недели поминати на клупата.

Со репрезентацијата на Германија успеа да стигне до полуфиналето на Светското првенство во 2006 година кога беа поразени од Италија, подоцна на Мундијалот во Бразил 2014 стигна до осминафиналето каде што Германците беа поразени од Белгија.

Во Јужна Кореја главната задача ќе му биде да ја одведе оваа репрезентација на Светското првенство во 2026 година кое се одржува во САД, Канада и Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот