Општо

Во Европа „летаат“ казни, во Македонија кредити - пет вести на денот

Автор: Мирјана Јовеска

1 април 2025, 07:00

Малите компании најзаинтересирани за парите од унгарскиот кредит

Драстичен пад на извозот на јагнешко месо од Македонија

Реципрочните царини на Трамп ќе важат за сите земји

Во Европа „летаат“ казни, во Македонија кредити - пет вести на денот

Блумберг Адрија

Мирјана Јовеска

Неделата започна со многу казни, и тоа високи, за проневера за јавни европски пари Судот ја прогласи за виновна Французинката Марин Ле Пен, лидерка на екстремната десница, изрекувајќи ѝ казна забрана за кандидирање за јавна функција во наредните пет години, затворска казна во траење од четири години, од кои две се условни, и парична во висина од 100.000 евра. Тоа значи дека Ле Пен нема да се најде на гласачкото ливче на следните претседателски избори во Франција, закажани за 2027 година.

Вчера Франција ја казни компанијата „Епл“ со 150 милиони евра поради начинот на кој технолошката компанија бара да ги собере податоците на корисниците на иОС. Исходот може да го привлече вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предупреди дека ќе возврати со високи царини по какви било „несразмерни“ казни против американските технолошки фирми.

Драстичен пад на извозот на јагнешко месо од Македонија

На нецел месец до Велигден откупот на јагниња во земјава сѐ уште не почнал интензивно, а цената по која деновиве се откупуваат јагнињата, кои потоа треба да се обработат во кланиците и да се пласираат претежно на странските пазари, е иста како и лани, па и преклани, околу 220-230 денари за килограм жива мера. Но трошоците во меѓувреме се зголемени, се жалат одгледувачите на овци и јагниња, незадоволни од откупната цена што засега им се нуди, иако бројките може и да варираат допрва.
Анализираме каква е состојбата на пазарот и каде земјава најмногу извезува јагнешко.

Малите компании најзаинтересирани за парите од унгарскиот кредит

На почетокот на март Развојната банка ги исплати првите пари за фирмите од унгарскиот кредит. Првата транша беше во вредност од 10,4 милиони евра. Тие пари комерцијалните банки ги распределија на 47 македонски компании, од кои најголем дел се мали.

Според евиденцијата на Развојната банка, најголем дел од кредитите (48 отсто) што ги зедоа првите компании ќе се троши за градежни активности, а околу три милиони евра од првата транша завршија кај производствените компании.

Реципрочните царини на Трамп ќе важат за сите земји

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека планира да започне со реципрочни царини за „сите земји“, со што ќе ги ублажи шпекулациите дека би можел да го ограничи првичниот опсег на царините што треба да бидат обелоденети на 2 април.

Белата куќа сè уште не обелодени какви царини доаѓаат, како ќе се пресметуваат или што ќе треба да направат земјите за да ги обезбедат посакувани исклучоци. 

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Кампањата на Трамп против ЕСГ се одразува на зеленото финансирање на пазарите во развој

Реакциите во САД за климатските прашања ја погодуваат способноста на многу пазари во развој да соберат средства за еколошки проекти.

Нивната продажба на зелени обврзници во 2025 година падна за околу една третина, на осум милијарди долари, што е најбавниот почеток на една година од 2020 година, ако се изземе кинеското издавање, покажуваат податоците на „Блумберг“. Падот доаѓа и покрај зголемувањето на вкупното издавање обврзници од пазарите во развој на 225 милијарди долари.

Трамп е лут на Путин поради Украина и најавува ограничувања за руската нафта

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека е „многу лут“ на Владимир Путин и се закани со „секундарни царини“ за купувачите на нафта од неговата земја доколку рускиот лидер одбие прекин на огнот со Украина.

Трамп рече дека е „налутен“ од Путин затоа што фрла сомнеж во легитимноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски како партнер во преговорите и се закани дека ќе ја ограничи „целата нафта што доаѓа од Русија“. Тој подоцна додаде дека мисли дека рускиот претседател „нема да го прекрши својот даден збор“.

 

Сите новости од рубриката Политика

Накратко од светот: Трамп деновиве ќе објави царини за увоз на автомобили
Општо

Накратко од светот: Трамп деновиве ќе објави царини за увоз на автомобили

Во јавноста протече преписка меѓу највисоките американски функционери со која се открива план за напад на јеменската милитантна група Хути, но и нивниот презир кон европските сојузници.

25.03.2025

Автор: Bloomberg Adria

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите