Градоначалникот на Кисела Вода ги собра сите симпатии: За овие искрени прегратки вреди секоја жртва!

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ги собра сите симпатии на жителите! 

На неговиот фејсбук профил коментираат дека треба да му се даде мандат без избори, затоа што, како што велат граѓаните од далеку се гледа дека човекот работи. 

Тој, пак, на својот фејсбук профил сподели видео од една интересна средба со баба Лепосава. 

- За овие искрени прегратки вреди секоја жртва! Кога првпат по 50 години започнавме реконструција на „Корџевска”, „Домазетовска” и сите улици од тој дел, случајно на улица ја сретнав баба Лепосава, со своите маки. Ми кажа дека на нивната уличка, никој речиси пола век не ги посетил да види кои барања ги имаат, што ги мачи и недостасува… Веднаш се качивме во кола и се упативме кај неа, на нејзината уличка и децениската голгота. Баба Лепосава 50 години немала улица ниту вода, како и сите соседи.Тоа е срамота само да се помисли, а не да се живее и искрено жалам што досега никој немал слух, вели Ѓорѓиевски. 

- Си поразговаравме и дадовме збор дека наскоро ќе ја исправиме неправдата и дека ќе чести кафе по финално завршување на работата. И еве сме денес, на кафе по новата улица и чиста вода за пиење, додаде тој и се заблагодари на баба Лепосава, за сѐ!

- Твојата мајчинска прегратка ќе ја паметам засекогаш! Да си ми жива и здрава ти и твоите внучиња!  Продолжуваме! - сподели првиот човек на Кисела Вода и објави видео од средбата.