[ВИДЕО] Кремаст фил, сочни пишкоти и вкус на лимон: Рецепт за лесен, пролетен колач за кој не ви е потребна рерна

Точка

18/04/2024

20:37

5.906

Големина на фонт

а а а

Заборавете на комплицираните рецепти, пробајте го овој неодолив десерт со вкус на лимон и ќе го правите постојано.

Тортите и колачите од пишкоти секогаш се добро решение доколку не сте љубители на печењето кори за слатки, а ваквиот рецепт досега сигурно не сте го пробале.

Состојки:

- 200 милилитри млеко + 500 милилитри млеко;
- 300 грама пишкоти;
- 2 жолчки;
- 100 грама шеќер;
- 1 лимон;
- 50 грама густин;
- 80 грама бело чоколадо.

Подготовка:

1. Ставете 200 грама млеко во чинија, па пресечете ги пишкотите на половина и потопете ги во млекото. Распоредете ги во калап за торта исправени. Распоредете ги во круг, почнувајќи од ѕидовите на калапот.

2. Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките ставете ги во чинија, ставете го шеќерот, па сок од еден лимон и добро изматете со жица, па варете на средна температура. Додадете го густинот, па мешајте постојано и додадете го млекото.

3. Со филот прелијте ги пишкотите распоредени во калапот, па ставете го колачот во фрижидер да отстои 12 часа.

4. Посипете го колачот со рендано бело чоколадо и украсете со парчиња лимон.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг