Линкови за пристапност

Енергетските субвенции на Кина ги повредуваат американските фирми, предупреди Јелен


Јелен оди на состаноци во Кина во април, според извештаите на Политико, додека Одделот за финансии сè уште не го потврдил нејзиното патување
Јелен оди на состаноци во Кина во април, според извештаите на Политико, додека Одделот за финансии сè уште не го потврдил нејзиното патување

Американската секретарка за финансии Џенет Јелен рече дека кинеските субвенции за индустриите за чиста енергија создаваат нелојална конкуренција што ги „повредува американските фирми и работници, како и фирмите и работниците ширум светот“.

За време на претстојната посета, Јелен рече дека има намера да ја предупреди Кина оти нејзиниот финансиски процес за енергија создава прекумерна понуда и нарушување на пазарот, меѓу другите проблеми.

„Имам намера да разговарам со Кинезите кога ќе ги посетам за вишокот капацитет во некои од овие индустрии и да се уверам дека тие го разбираат непосакуваното влијание што ова го има - преплавување на пазарот со евтини стоки - врз САД, но, исто така,и во многу од нашите најблиски сојузници“, рече Јелен во говорот во Џорџија.

Јелен рече дека верува оти тие субвенции ќе ѝ овозможат на Кина да ги преплави пазарите за соларни панели, делови за електрични возила и литиум-јонски батерии, со што ќе го наруши производството во другите економии и глобалните цени.

„Ќе го пренесам моето верување дека вишокот капацитет носи ризици не само за американските работници и фирми и за глобалната економија, туку и за продуктивноста и растот на кинеската економија, како што самата Кина призна за време на годишниот конгрес овој месец“, рече Јелен.

„И јас ќе ги притиснам моите кинески колеги да ги преземат неопходните чекори за решавање на ова прашање“.

Јелен оди на состаноци во Кина во април, според извештаите на Политико.

Одделот за финансии сè уште не го потврдил нејзиното патување.

Дел од информациите се од Ројтерс и АП

XS
SM
MD
LG