Најтопол ден во Белград откако се мери температура од 1987
Објавено во: Балкан 14 Април, 2024
Највисоката дневна температура во Белград денеска би можела да достигне 31 степен, поради многу топол воздух кој пристигнува од Медитеранот преку Апенинскиот Полуостров.
Во Белград ќе биде сончево, а највисоката дневна температура ќе изнесува 31 степен. Ова ќе биде најтоплиот 14 април во главниот град на Србија од 1887 година, откако се мери температурата.
Претходниот рекорд на овој ден беше во 1939 година кога беа измерени 26,6 степени. Во понеделник ќе биде многу топло - а потоа ќе биде рекордно топло.
Во вторник се очекува постепена промена на времето.