Кијара Ферањи и Федез го збогатија своето портфолио со недвижности. Славниот италијански пар си купи нова вила на Езерото Комо со прекрасен поглед кој смирува и одушевува.
36-годишната модна блогерка и 34-годишниот пејач со двете деца ќе уживаат во вилата Матилда, која се протега на 470m2 и е поделена на 15 соби.
„Сакавме да создадеме топол дом совршен за големо семејство, наменет за одмор и релаксација“ – велат Кијара и Федез.



















Неодамна, Ферањи откри дека со семејството се преселија во нова куќа во Милано, од каде сподели само неколку фотографии на Instagram. „Првиот Божиќ во нашиот нов дом“ - напиша Кијара на фотографија на која со Федез и двете деца позираат покрај новогодишна елка.


