logo
logo
logo

Еруптира вулкан во Индонезија

Vecer | 21.03.2025

Еруптира вулкан во Индонезија

 Ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во Индонезија исфрли облаци од пепел високи повеќе од осум километри, соопштија локалните власти, подигнувајќи го статусот на тревога на највисоко ниво, додека австралиска авиокомпанија откажа некои летови за Бали.

Голема вулканска ерупција во провинцијата Источна Нуса Тенгара синоќа следеше по десетици помали регистрирани на 13 март, се вели во соопштението на националната геолошка агенција. Таа, исто така, предупреди на поплави од лава и рече дека имало помали ерупции рано утрово.

Џетстар, нискобуџетната подружница на Квантас Ервејс, утрово ги откажа летовите меѓу Австралија и Бали поради вулканска пепел, но додаде дека летовите се очекува да продолжат попладне.

Портпаролот на аеродромот на Бали рече дека аеродромот сè уште работи, но седум меѓународни летови биле откажани во утрово, додека некои домашни летови биле одложени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk