Палетата на електрични автомобили на Volkswagen продолжува да расте бидејќи германската компанија објави дека ќе го претстави својот нов модел на 3-ти јануари.

VW сè уште ги чува деталите во тајност, но ќе покаже камуфлирана верзија на автомобилот и ќе го открие неговото име. После тоа, на CES, ќе им овозможи на гостите „да доживеат нов чекор во патувањето на Volkswagen кон електрификација“.

Можно е германскиот гигант да го покаже моделот ID. Aero, чиј концепт беше претставен во јуни за да го најави првиот глобален електричен седан што ќе се нуди во Кина, Европа и САД.

Досега многу прашања се неодговорени, но познато е дека концептот е всушност премиум седан со средна големина, базиран на платформата MEB. Користи литиум-јонска батерија со капацитет од 77 kWh, што овозможува опсег до 620 km/h. Концептот се одликува со аеродинамичен дизајн кој овозможува низок коефициент на отпор од 0,23.

Се очекува автомобилот да ја прифати ознаката ID.7 и ќе биде помалку екстремен од концептот, но ќе го задржи аеродинамичниот дизајн со „течни“ линии, како и аеродинамички оптимизираните тркала. Внатрешноста ќе има дигитален кластер и голем самостоен инфозабавен систем.