Регион

Србија: Над 15.000 татковци славеле со Jelen

19 мар 2024

„Сјајна кампања“, „Нашиот татко го доби омилениот подарок“, „ За нашите близнаци, ви благодарам најдраги мои“... се само некои од многубројните коментари   на социјалните мрежи за промотивната кампања „Jelen за тато“, која заврши на крајот на јануари.

Од самиот почеток во 2022 година, акцијата израдувала многубројни семејства кои имале принова, а на домашните адреси на над 15.000 татковци ширум Србија им пристигнале персонализирани гајби со пивото Jelen.

Во текот на годинешната кампања тимот на Jelen посетил 660 места низ Србија и доставил речиси 70.000 шишиња со пиво.

 Социјалните мрежи уште од самиот почеток биле преплавени со позитивни впечатоци, како и со фотографии од персонализираните гајби кои со воодушевување ги делеле членовите на семејствата, соопштуваат од компанијата.

Во рамките на оваа акција, компанијата не ги заборавила ниту мајките за кои биле подготвени подарок – пакети од „Нутрино лаб“. Минатата година Jelen исто така ги израдувал и младенците со персонализирани гајби во рамките на кампањата  „Jelen за младенци“

 

 

Извор: InStore

Фото: Промо/Апатинска пивара



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...