Дерматолозите „се колнат“ во овие 3 производи за нега на лице: Тврдат дека го „забавуваат стареењето“ доколку ги користите секојдневно – кожата изгледа како порцелан

Точка

08/04/2024

10:59

5.617

Големина на фонт

а а а

Тешко е да се најдат идеални производи за нега на кожа, особено во моменти кога добиваме препорака за различни производи од сите страни. Но, постојат три производи кои дерматолозите ги издвојуваат, а кои би требало да ги користиме секој ден.

Иако за најдобри резултати е неопходно да се има персонализиран пристап кон кожата и третманите, односно производите избрани за вас од личен дерматолог, постојат одредени класични формули кои можат да делуваат на секој тип на кожа и во секоја фаза од животот.

Запомнете, едноставната рутина која можете постојано да ја практикувате е подобра од кој било тренд кој подразбира барем 10 чекори во негата.


Дерматолозите велат дека секоја дама во својот несесер би требало да има три основни производи кои се основата на нејзината утринска рутина за нега на кожата и кои во светот на убавината се како малиот црн фустан во светот на модата.

Еве за кои продукти станува збор:

1. Нежно средство за чистење лице

Чистењето на лицето е еден од темелите на секоја добра рутина за нега на кожата и треба да се практикува секојдневно, пишува „Vogue“. Д-р Наталија Хименет претпочита чистење со благ, специјализиран сапун, како и нејзините колешки Палома Корнехо и Елена Мартинез. „Неопходно е да се отстранат остатоците од производите кои ги нанесуваме навечер“, нагласила д-р. Корнехо. Без оглед на тоа дали вашето средство доаѓа во форма на сапун или течен облик, би требало да биде многу нежен и да содржи салицилна киселина доколку вашата кожа е склона кон мрснење.


2. Антиоксидативен серум со витамин Ц и ферулинска киселина

Создавањето бариера за заштита на кожата од слободните радикали е нашата главна задача. Експертите предлагаат да користите серуми кои содржат витамин Ц и ферулинска киселина за овие цели, бидејќи нивната комбинирана антиоксидантна моќ на кожата ѝ дава неверојатен сјај. „Витамин Ц во концентрација од околу 12% ѝ помага при пигментацијата и ја поддржува синтезата на колаген“, вели д-р Корнехо. Од друга страна, феруличната киселина помага да се зацврсти кожата и има антиинфламаторно дејство. Доколку вашата кожа е изразито сува, тогаш побарајте формула која содржи и витамин Е.


3. Добар SPF – со или без дополнителен хидратен крем

Во превенцијата против стареењето на кожата, ништо не е покорисно од навистина добар крем со SPF фактор.


Невозможно е да се пронајде дерматолог кој не препорачува да користите барем еднаш дневно. Прашањето е дали треба да користите и обична хидратна крема покрај кремата со заштитен фактор? Тоа зависи од вашата кожа и е прилично произволно. Доколку одлучите да нанесете хидратна крема покрај кремата со SPF фактор, погрижете се да содржи хијалуронска киселина и/или церамиди и нанесете ја после серумот, но не пред SPF.




Спонзорирани линкови

Маркетинг