• Саше Љолес

Аденис Шала и соиграчите од Шкендија се подготвуваат за претстојниот натпревар против Воска Спорт, каде тетовчани ќе ја имаат фаворитската улога за трите бода.
Актуелниот лидер на табелата во ПМФЛ сигурно ќе ги искористи сите квалитети за да слави против тимот од Охрид, а со тоа е согласен и Шала, кој вели дека тимот е максимално мотивиран.
„Нема да биде лесен меч, не треба да се залажуваме. Ние се подготвувавме максимално и го анализиравме противникот. Мечот против Струга во Купот е во минатото, тој нема да влијае лошо на нашата мотивација, а згора на тоа, имаме и реванш-дуел.
Во одличен ритам сме во првенството и сакаме да продолжиме да одиме напред. Ја почитуваме Воска Спорт како колектив, но ние ќе ги дадеме сите сили за да победиме на овој натпревар“, изјави Шала.
Шкендија ќе ја пречека Воска Спорт на 13 април во рамки на 27. коло од Првата македонска лига. Почетокот на мечот е закажан за 16:00 часот.