Карапејовски за ТВ 24: Граѓаните ги препознаа нашите политики, се надеваме на повеќе гласови

Бобан Карапејовски од ЗНАМ во емисијата 24 Отворено рече дека граѓаните најдобро ќе одлучат за кого да гласаат в среда и верува во поддршка за ЗНАМ.

- Граѓаните ги препознаа нашите политики и тоа ќе придонесе да добиеме уште повеќе гласови. Оној црно-сив свет што владееше на политичката сцена, се надеваме дека ќе го разбиеме и ќе придонесеме да се смени начинот на кој се однесуваат луѓето во политиката, да бидат поблиски до граѓаните, да го спинуваат тоа што го ветиле во кампањите. Ние тие услови што ги испорачавме, не се вистински тип на услови во смисла на уцени. Ние ги кажавме нашите темелни постулати, со кого би можеле да соработуваме и што е она што граѓаните го бараа од нас на средбите. – рече Карапејовски.