Во Шпанија случајно ослободен наркодилер кој планирал да го убие наследникот на холандскиот трон

Апсењето на Карим/Фото: Скриншот/Шпанска полиција

Случај на „судска конфузија“ ја вознемири не само Шпанија, туку и Холандија и сигнализираше аларм до европските власти, објави Политико.

Владата во Мадрид случајно ослободи нарко бос кој планирал да го убие наследникот на холандскиот трон и премиер на земјата, Марк Руте. Станува збор за водачот на картелот „Мокро мафија“, Карим Бујакричан, кој во јануари минатата година беше уапсен во Марбеља, при голема операција за перење пари.

Штом холандските власти дознаа за неговото апсење, поднесоа барање за екстрадиција до Националниот суд на Шпанија, барајќи од Мадрид да го екстрадира водачот на бандата, така што, по враќањето во Холандија, тој ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога. Холандските власти, како што истакнува Политико, поднесоа ново, итно барање, нагласувајќи дека шефот на картелот е еден од најопасните на листата на криминалци на Интерпол.

Тој беше баран за неговата улога во војната со дрога во Европа, која траеше десет години, каде што загинаа десетици луѓе во Белгија, Холандија, Шпанија и Мароко.

Националниот суд во Мадрид нареди екстрадиција на озлогласениот трговец со дрога во неговата родна земја. Сепак, Окружниот суд во Малага, кој има јурисдикција над областа каде што беше уапсен Бујакричан, одби да го одобри барањето, тврдејќи дека кралот на дрогата морал да се соочи со обвиненија за перење пари во Шпанија пред да биде екстрадиран во друга земја.

Шпанската радио мрежа „Кадена СЕР“ денеска откри дека иако шпанскиот национален суд ја прифатил холандската жалба, тој занемарил да издаде налог за апсење што би обезбедило Бујакричан да остане зад решетки до екстрадиција.

Кога минатиот месец случајот за перење пари излезе на првото рочиште во провинцискиот суд во Малага, судијата што претседаваше се согласи да го ослободи водачот на бандата со кауција од 50.000 евра. За богатиот Бујакричан, кој има банкарски сметки и недвижен имот ширум светот, не му било воопшто тешко да ги најде парите за кауција и следствено, штом бил ослободен, исчезнал од градот. Оттогаш властите не го лоцираа.

Забележано е дека во 2022 година, холандската принцеза Амалија беше принудена да го напушти комплексот на студентската резиденција и да се врати во кралската палата откако полицијата доби веродостојни докази дека Бујакричан планира или да го киднапира или да го убие престолонаследникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот