Докторот на Белата куќа: Здравјето на Трамп е одлично

13. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Докторот на Белата куќа: Здравјето на Трамп е одлично

Во белешката се наведени резултатите од лабораториските тестови, физичките прегледи и когнитивниот тест, со што се заклучува дека Трамп останува со „одлично здравје“, објави Би-Би-Си.

Трамп тежи над 101 кг

Според извештајот, Трамп тежи околу 101,6 килограми и е висок 190,5 сантиметри. Во мирување, пулсот му е 62 отчукувања во минута, а крвниот притисок е 128/74 mmHg.

Трамп постигна 30 од 30 на тестот за когнитивна проценка, се вели во белешката.

Испитувањата на различни телесни системи беа нормални, вклучувајќи ги очите, главата, ушите, носот и грлото. Лекарот на Белата куќа забележал лузна на десното уво, резултат на обид за атентат во Пенсилванија минатата година.

„Активниот начин на живот придонесува за неговото одлично здравје“

„Претседателот има силна кардиолошка, пулмонална, невролошка и општа функција на телото“, напиша д-р Шон Барбабела. „Неговиот активен животен стил значително придонесува за неговото здравје.

Како доказ за тој начин на живот, Барбабела го наведува присуството на Трамп на состаноци, јавни настапи и „честите победи на турнирите во голф“.

Претходно имаше операција на катаракта

Барбабела исто така изјави дека колоноскопијата минатото лето покажала дека претседателот има дивертикулитис, воспаление предизвикано од формирање на мали торбички (дивертикули) во ѕидот на дебелото црево. Иако често нема симптоми, дивертикулитисот може да предизвика непријатност и повремено крварење.

Во документот се наведува и дека Трамп претходно имал операција на катаракта, но не е прецизирано кога.

„Претседателот Трамп демонстрира одлично когнитивно и физичко здравје и е целосно способен да ги извршува должностите на врховен командант и шеф на државата“, се заклучува во меморандумот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата