„Не гледаме начин како може Хрватска да победи во финалето“

Хрватската ракометна репрезентација приреди изненадување во полуфиналето против Франција и по петти пат ќе игра натпревар за титула на Светските првенства.

Противник на четата на Дагур Сигурдсон ќе биде моќната Данска, која ќе брка историска четврта последователна титула светски шампион.

Според обложувалниците, Хрватска има мали шанси за триумф. На Данска ѝ се дадени 89% шанси, додека на Хрватска само 9,5%. Квотата за победа на Хрватска е 8, додека за победа на Данска е само 1,15. Данските обложувалници сè уште посигурни во триумфот на својата репрезентација, нудејќи коефициент од само 1,05. Иако е финале, данскиот букмејкер Мадс Мортенсен не смета дека шансите се луди.

„Квотата од 1,05 за освојување злато на Светското првенство е гротеска, а такво нешто досега не е видено. Тоа е слика за тоа колку „луда“ репрезентација имаме, на сите позиции. Едноставно, данските ракометари немаат конкуренција во ништо и тоа е наша проценка. Н гледаме начин на кој Данска нема да победи во ова финале“, рече Мортенсен.

Данска ги победи Норвешка, Шведска и Франција во последните три финалиња на Светското првенство, но квотите никогаш не биле толку мали за нивното славје.